Рајо и Столе ја „суредија“ и Мајорка (видео)

1151

ФОТО: Twitter/Rayo Vallecano

Македонскиот голман Столе Димитриевски го чуваше голот на Рајо Ваљекано во победата над Мајорка со 3:1 во последниот меч од 14. коло на Ла Лига. На „Ваљекас“ екипата на Рајо поведе со 2:0 во првото полувреме со головите на Гуардиола и Гарсија, а во вториот дел Оскар Трехо од пенал зголеми на 3:0.

Димитриевски бранеше од првата минута, а по четири интервенции прими гол во 89. минута по ударот на Даниел Родригез. За Рајо ова е седма победа сезонава и е на шестото место на табелата, додека Мајорка го доживеа петтиот пораз и е на 13-тото место.

Идното коло Рајо ќе и гостува на Валенсија, а Мајорка ќе игра дома со Хетафе.

 

ПретходноУдинезе немаше лек за „Биковите“, Нестор остана на клупата (видео)
СледноНБА го казни Леброн, напаѓачот помина полесно од жртвата