Она што се најавуваше веќе подолго време се чини дека е и официјално. Рахим Стерлинг, ѕвездата на Манчестер Сити и еден од најдобрите напаѓачи во Англија цврсто е решен да си замине од “Етихад“ и својата кариера да ја продолжи во Барселона. Со оглед на фактот дека каталонците немаат пари да го откупат договоро, Стерлинг би заминал на “Камп Ноу“ како позајмен играч.
Интересно е тоа што тој веќе му ја соопштил одлуката на својот стратег Пеп Гвардиола…
“Јас на никого не можам да му ветам минутажа, па ни на Стерлинг. Ако тој е незадоволен, треба да се види во што е проблемот, треба да се преговара, затоа служат агентите. Секогаш јас сум за заеднчичко решение со кое задоволни ќе бидат сите страни, а најмногу Манчестер Сити“ е изјавата на Пеп Гвардиола по повод евентуалното заминување на Стерлинг во Барселона.