Вечер за заборав на Неапол. Првиот пораз на наполитанците оваа сезона беше дополнет со потешка повреда на првиот напаѓач, Виктор Осимен.
Прегледите кои биле направени по мечот покажале повеќекратни скршеници и поместена орбита и левата јаболчница на Осимен, што јасно укажува на тоа дека тој мора на операција.
„Фудбалерот ќе биде опериран во наредните денови, а вечерва ќе биде под опсервација во болницата Нигуарда во Милано“, се вели во објавата на Наполи.
Со оглед на сериозноста на повредата и потребата од операција, лесно е да се претпостави дека напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.