Трагедија: Починал од преголема радост по триумфот на Фенер над Галата!

731

Вчера се играше најголемото дерби во Турција, кое заврши со победа на Фенербахче над Галатасарај со 2:1, и тоа со гол во 90+4.минута. Према написите во турските медиуми, тој победнички гол на Мигел Креспо бил фатален за еден фан на Фенер.

Неговото име е Ахмет Ујсал (60 години) кој бил голем фан на Фенер. По голот на Креспо не можел да се воздржи, се израдувал премногу, неговото срце не можело да издржи и починал.

Тој овој меч го следел на ТВ во едно кафуле во градот Алашехир.

Кога Фенербахче постигна гол за победа, тим кој што толку многу го сакаше, мојот чичко едноставно падна на подот. Не можеше да го поднесе тоа големо возбудување и почина“ истакна неговиот внук.

ПретходноБабиќ: Против Татабања посакуваме да ја продолжиме низата на позитивни резултати!
СледноКОМЕНТАР НА 14.КОЛО: Чаир “ЕКСПРЕС“, фудбал за уживање во Струмица…