ФОТО НА КОЛОТО: Јасмин, со среќа…па да ни се вратиш во Струга ТЛ!

856

Струга Трим Лум вчера во меч од 14.коло успеа да го победи Работнички со 1:0 и да освои големи три бода. За струшкиот прволигаш својот последен меч го одигра стоперот Јасмин Мециновиќ, кој својата кариера ќе ја продолжи во Бангладеш.

Дека за овие 1,5 година искусниот дефанзивец остави длабока трага во Струга Трим Лум, доказ е и потегот на директорот на клубот Бесарт Исаку, кој по мечот со Работнички дојде до Мециновиќ и му посака се најубаво, но и го замоли…

Јасмин, ти посакувам се најубаво во новиот клуб. Ти посакувам и многу среќа, но те замолувам кога тогаш да ни се вратиш. За тебе вратите на Струга ТЛ секогаш ќе бидат отворени“ истакна Исаку.

ПретходноЛејсон Зекири не се појавил на собирот, сака да игра за Косово?
СледноПревирање меѓу фановите на Пелистер: „Чкембари“ со нова подгрупа!