Чави пред мечот со Бенфика: Не чувствувам притисок, туку гледам можности

349

Новиот тренер на Барселона Чави Ернандес не чувствува притисок по првите денови на кормилото на каталонскиот гигант, а место тоа гледа бескрајни можности пред себе и пред тимот. Тоа го кажа на прес-конференцијата пред мечот со Бенфика во Лигата на шампионите.

„Не чувствувам притисок, напротив, гледам многу можности. Ние сме барса и секогаш се трудиме да победуваме. Како што кажав, тоа е предизвик кој ми се допаѓа. Да седам тука и да разговарам со вас е лесно, но сосема е друго тоа што ќе го покажеме на теренот. Против Еспањол работите изгледаа добро. Имам причина да бидам оптимист. Ако се бориме ќе бидеме подобри“, изјави Чави.

Барса го доби дуелот со соседот со 1:0, а во вторник (21:00) ќе игра со Бенфика на домашен терен. Првиот меч на „Луж“ заврши со триумф на Бенфика со 3:0.

„Ќе ни требаат фановите против Бенфика. Тие се дел од оваа екипа. Атмосферата треба да биде таква што на фидбалерите ќе им дава енергија и желба за жестоки напади“, додаде Чави.

Претходно„Комити“ се мобилизираат: Нека се случи „Кадино” во четврток во „Јане Сандански“!
СледноМегваер: Оле го плати цехот за нашата лоша игра