Блатер: Светското првенство во Катар е голема грешка!

759

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер смета дека доделувањето на Светското првенство 2022 година на Катар е голема грешка, а одново за сето ова го обвини Мишел Платини.

„Без интервенција на Саркози (тогашниот претседател на Франција) кај Платини, Катар никогаш не би го имал Светското првенство“, изјави Батлер во разговор за „Ле Мондо“ и додаде: „за првпат политиката успеа да има влијание на промената на една фудбалска одлука“.

Платини ги отфрли сите овие тврдења за истиот весник.

“Сето тоа е омраза, клевета и злоба. Доста е. Веќе пет години Сеп Блатер ги повторува овие лажни и неосновани тврдења. Мислев дека годините ќе го направат попаметен и ќе го доведат до вистината. Тоа што тој го тврди е целосно невистинито”, изјави Платини.

Блатер откри дека гласал за САД, додавајќи дека од социјална и климатска гледна точка е голема грешка да му се даде Светското првенство на Катар.

ПретходноПревирање меѓу фановите на Пелистер: „Чкембари“ со нова подгрупа!
СледноЗверев го убедуваше Дибала да дојде во Баерн, Аргентинецот го разочара (ВИДЕО)