Роналдињо веќе некое време е во пензија. Минатата година имаше и одредени проблеми со законот, дури мина и одреден период во затвор, но сето ова веќе е минато, кошмарите завршија.
Каде и да се појави легендарниот Бразилец, секогаш привлекува внимание, својата препознатлива насмевка никогаш не ја симнуваше и за време на фудбалските денови.
Претходната недела ПСЖ го ангажираше Роналдињо како свој амбасадор, бидејќи некогашниот освојувач на „Златната топка“ играше и за францускиот тим. Оваа одлука не им се допадна во Барселона, на крајот мораа да ја прифатат реалноста.
Тој овој викенд беше во Катар каде се сретна со уште едно големо фудбалско име, со својот некогашен соиграч токму од редовите на каталонскиот гигант. Станува збор за Самуел Ето. Средбата на двете фудбалски легенди беше емотивна, а за тоа говорат и солзите на Роналдињо.
Двајцата соблакувалната на Барса ја делеа од 2004 до 2008 година. Тогаш беа најопасниот тандем во светот на фудбалот.
🙌 @10Ronaldinho & @SamuelEtoo 💙
🤩 Two legends reunited in Qatar.
📽️ IG Samuel Eto’opic.twitter.com/BHo2SmP8uw
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) November 22, 2021