Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, вчера победи на трката за Големата награда на Катар и ја намали предноста на лидерот во генералниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул на само осум поени. Иако Хамилтон е во извонреден ритам, Верстапен се уште е во предност на патот кон првата светска титула во кариерата. 24-годишниот Холанѓанец на следното Гран При на Саудиска Арабија на 5 декември, на трка пред финалето на сезоната 2021 може да се искачи нашампионскиот подиум. За да го реализира својотс он, Верстапенима четири отворени опции.
- Победа на трката за Големата награда на Саудиска Арабија и дополнителни бонус поени за најбрз круг, а Хамилтон да заврши шести или подолу.
- Тој да победи, а Хамилтон да заврши седми или подолу.
- Да заврши на второто место, да заработи дополнителни бонус поени за најбрз круг, а Хамилтон да остане по 10-тото место.
- Верстапен може да ја освои титулата и со втора позиција без дополнителниот бонус, но Хамилтон да заврши десетти или подолу.