Вардар 1961 минува тешки денови во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак има четири порази во низа, излезот од оваа ситуација ќе ја бара во четврток против Пик Сегед на домашен терен.
Поддршката од трибините секогаш била значајна за ракометарите на Вардар 1961, многу пати до сега токму благодарение на своите фанови во СЦ „Јане Сандански“ паѓале големи имиња, невозможното станувало возможно.
„Комити“ на својата официјална „Фејсбук“ страница ги повикаа своите членови да дојдат во четврток и да ги подигнат своите миленици, исто како што тоа го сторија со ФК Вардар.