Кога на Автокоманда губи твојот тим, тогаш ти постигнеш два прекрасни голови и ја свртиш средбата во корист на твојот тим и во победа, тогаш јасно е дека ти си играч на колото. И тоабез разлика што конкуренцијата е голема. Имено во ова 14.коло имаше многу голови, прекрасни голови, супер мечеви, фантастични голмански интервенции, но сепак Сефер Емини од Македонија ЃП е играчот на колото. Два гола им стегна на „пиратите“ и двата кој од кој поубав, сосема доволно за победа на “лавовите“.
Покрај него во тимот на колото се Денковски од Брегалница, неговиот тим загуби, но тој одбрани два пенали против Шкендија. Кривак од Шкендија, стрелецот на голот. Потоа тука се дефанзивците на Струга ТЛ, Цаке и Мециновиќ, првиот го постигна еден од најубавите голови во последно време во ПМФЛ. Од Шкупи во тимот на колото се Чешмеџиев и Цветаноски, кој одново блескаше со два гола, па потоа двоецот од Ренова, Селмани си два гола и Алии. Овој вториот има само 18 години и вчера покажа дека е голема надеж на “гипсарите“.Мирчевски е тука вообичаено а од А. Пандев во тимот на колото е и Мартин Ѓоргиевски кој има само 17 години и против Тиквеш блескаше.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
СЕФЕР ЕМИНИ
Тим: Македонија ЃП
Роден: 15.07.2000 во Скопје
Кариера: Македонија ЃП, Акрон Тољати, Македонија ЃП