Шевченко по дебито на клупата на Џенова: Ако останеме во Серија А, исто како да сме ја освоиле ЛШ

3438

Новиот тренер на Џенова и на нашиот Горан Пандев, Андриј Шевченко по поразот од Рома синоќа изјави дека мисија за опстанок во Серија А е еднаква на битка за освојување на Лигата на шампионите.

„Мислам дека тимот покажа карактер во условите во кои се најдовме. Имаме многу повреди. Недостасуваат многу важни играчи. Ќе бидеме поконцентрирани на следните дуели. Наша задача е брзо да ги вратиме водечките играчи во тимот, да создадеме конкуренција. Не очекуваат многу тешки натпревари, тоа сите го знаеме. Ништо нема да биде лесно. Треба да се работи. Ако останеме во Серија А, тоа ќе биде како да ја освоиме Лигата на шампионите“, вели Шева.

ПретходноКој е Феликс Афена-Гјан, играчот за кој зборува цела Италија!
СледноКои се четирите опции за Верстапен да стане шампион уште во С. Арабија?