Меси вети дека ќе се врати во Барселона, зборуваше и за Роналдо

399

Лионел Меси ова лето го имаше најгламурозниот трансфер во историјата на фудбалот. Аргентинецот ја напушти Барселона и го облече дресот на ПСЖ. Фановите на каталонскиот гигант беа шокирани, но клубот мораше да се рездели со него поради тешката финансиска ситуација во која се најде.

Меси им вети на навивачите дека ќе се врати во Барселона.

„Таму е мојот дом, таму ќе живеам. Ако можам да му помогнам на клубот, ќе се вратам“, рече Меси, кој вели дека веќе се прилагодил на живтот во парз.

„Веќе се адаптиравме на средината, децата тргнаа во училиште. Сега е полесно од она што го замислувавме на почетокот. Размислувавме колку ќе им биде тешко на децата, на крајот тие најбрзо се навикнаа на новата средина. Брзо ќе научат француски јазик. Сето ова ни даде мир на мене и моја сопруга“, рече аргентинскиот фудбалер.

Потоа зборуваше за враќањето на Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

“Тој веќе го познаваше клубот, но беше во втората фаза. Сега се прилагоди на импресивен начин. Од почетокот, како и секогаш, постигнуваше голови и немаше проблеми да се прилагоди. Не им оди толку добро во Премиер лигата. но тоа е многу тешко. Помина некое време откако игравме во иста лига. Се натпреварувавме индивидуално и тимски за исти цели и тоа беше многу убава фаза за нас, но и за луѓето затоа што тие навистина уживаа. Тоа е спомен што ќе остане во историјата на фудбалот“.

ПретходноАлба не падна на провокациите за Куман
СледноСе одлагаат утрешните куп средби, се чека потврда од ФФМ