Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш и голманот Петер Гулаши се позитивни на коронавирус. И американскиот стратег и унгарскиот голман ги чека период на изолација, па ќе пропуштат неколку натпревари за бундеслигашот, меѓу кои и утрешното гостување кај Бриж во петтото коло од Лигата на шампионите.
Помошникот Марко Курт, кој бил во близок контакт со Марш нема да патува во Белгија, а Германците ќе ги води уште еден помошник, Ахим Бејерлокер.