Екс играчот на Барселона, и репрезентативец на Франција, Ерик Абидал се најде во срцето на секс скандалот со криминални примери во кој уште се наоѓаат негоата сопруга Хајет Абидал и досега за јавноста анонимната Кеира Хамрауи. Таа е екс фудбалерка на женскиот тим на Барселона, и според сега веќе достапните информации на јавноста била во танја врска со Абдилал. Тоа и не би било толкав скандал ако истата таа Хамрауи не е претепана на улиците на Париз, и автоматски истрагата довела и до брачниот пар Абидал.
И додека за Ерик и немало некакви индиции дека е вмешан во претепувањето на Хамрауи тоа не може да се каже за неговата сопруга Хајет. Полицијата има сериозни наводи дека токму таа е организатор на овој криминален акт и веќе таа е повикана во полиција. Хајет во меѓувреме побарала и развод.
Од друга страна пак самиот Абидал свесен очигледно дека неговата љубовна афера земала сосема погрешен тек, и дека „ѓаволот ја однел шегата“, на својот инстаграм профил објави дека се кае за се и дека бара прошка од сопругата Хајет.
View this post on Instagram