Ал Хилал по рекорден четвртипат ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

307
+2

Саудискиот клуб Ал Хилал, ја освои рекордната четврта титула во азиската Лига на шампиони. Во денешното финале во Ријад, Ал Хилал го победи јужнокорејскиот Поханг Стилерс со 2-0.

По неполни 20 секунди од натпреварот, Насер Ал Даусари го постигна првиот гол пред 50.000 гледачи на стадионот „Крал Фахд“, а Малиецот Муса Марега во 53. го постави конечниот резултат.

Ал Хилал беше шампион на Азија во 1991, 2000 и 2019 година.

ПретходноБитолчани со порака: Доаѓа зелена ера!
СледноПроблеми за Лајпциг пред мечот со Бриж: Тренерот и голманот позитивни на Ковид-19