Битолчани со порака: Доаѓа зелена ера!

380

Во Битола на голема врата се враќа ракометот. Овој град оваа сезона има два тима со кои засега може слободно да се гордее. Вториот состав одлично „плови“ во Супер-лигата, а додека Е.Пелистер, покрај домашната сцена, блесна и во Европската лига.

Вечерва ракометарите им подарија неверојатна ракометна претстава на навивачите, одиграа фуриозно против Татабања за втора победа во европското натпреварување.

Во салата „Боро Чурлевски“ владееше прекрасна атмосфера, добрите игри беа причина за да навивачите на Е.Пелистер испратат порака:

„Доаѓа зелена ера“, гласеше на еден од транспрентите“.

Ова значи дека Битола се подготвува за титули, оваа сезона амбициите се исти да се нападне тронот на Вардар.

ФОТО: И моето дете ќе навива за Пелистер

ПретходноЛШ: Роналдо и Санчо за осминафинале, Баерн триумфално и во Киев (ВИДЕО)
СледноАл Хилал по рекорден четвртипат ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)