Е.Пелистер држеше час по ракомет: Битолската „фурија“ ја разнесе Татабања за втора европска победа

317

Каков меч, каква игра на Е.Пелистер во Европската лига. Вечерва Битола уживаше во вистинска ракометна „поезија“ на своите миленици. Македонскиот претставник пред полната сала „Боро Чурлевски“ држеа час по ракомет, ја запишаа втората победа во ова натпреварување, прва на домашен терен, откако го демолираа составот на Татабања со 33-20.

Жељко Обрадовиќ и неговите избраници полесно од очекувањата дојдоа до двата бода. Носени од прекрасната атмосфера на трибините, кратко време им оставија на противничките ракометари да се надигруваат.

По 5-5 во 11. минута следеше фуриозна серија на битолчани од 11-2 за највисоки плус девет 16-7 во овој дел од натпреварот, на полувремето беше 17-9. Ниту по одморот не се промени ништо, на теренот доминираше само едно име – Е.Пелистер. Со серија од 7-1, македонскиот тим поведе со 24-10, неколку минути подоцна, Татабања имаше и предност од 26-11. Тука беше крајот на овој меч, патот кон победата беше широко отворен на задоволство на фановите на Е.Пелистер, кои направија неверојатна атмосфера.

Со оглед на виската позитива, Бабиќ им даде шанса на сите ракометари. Секељи имаше десет интервенции, Мараш постигна шес гола од девет обиди, по пет имаа Табоада и Периќ. По четири гола имаа Костески и Мандалиниќ.

Овој дуел почна со едноминутно молчење, во Битола им оддадоа почит на трагично загинатите во Бугарија.

ПретходноОд Јунајтед разговарале со Валверде за тренерската позиција
СледноЛазаров со два гола во победата кај Чеховски медведи