Ибрахимовиќ откри до кога ќе игра фудбал

280

Во интервју за „Гардијан“, искусниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ зборуваше за идните планови и кога би се пензионирал. Голгетерот на Милан додаде дека нема да се откаже поради болка.

Не е лесно. Секој ден кога ќе се пробудам се ме боли. Ќе играм додека ме држи адреналин…Не сакам, кога ќе се пензионирам за некоја година, да седнам и да си речам: “Можеше уште малку, добро се чувствуваше“. Подобро да одам кога ќе бидам потполно готов и кога ќе кажам “Не можам повеќе“, изјави Ибрахимовиќ.

Единствено што ме влече напред е адреналинот. Болката нема да ја излечиш ако добиеш двајца нови фанови на социјалните мрежи. Парите исто така нема да те излечат. Вниманието нема да те излечи. Тоа што ќе те излечи е адреналинот“, додаде Швеѓанецот.

ПретходноАТП ќе дисквалификува тенисери со лажен зелен сертификат
СледноАнкета-1: Добро ќе биде да ги избегнеме Португалија и Италија!