Се погласнис е шпекулациите дека Маурисио Покетино ќе биде новиот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, откако Зинедин Зидан очигледно не сака да пристине на Олд Трафорд.
Се шпекулира со наводен „двоен маневар“ со кој Покетино кој во моментов е тренер на ПСЖ би дошол во Јунајтед, а токму Зидан би го презел неговото моментално работно место во Париз.
Се е тоа во моментов во доменот на шпекулациите, а доколку навистина Покетино се реши да пристигне во Јунајтед, догаш премиеригашот ќе мора да му исплати на ПСЖ 10 милиони фунти отштета. Неговиот актуелен договор со ПСЖ е до јуни 2023 година и неговиот раскин секако дека не е бесплатен.
Сопствениците на Јунајтед веќе се договорија со Оле Гунар Солскјер досегашниот менаџер, да му исплатат отштета во износ од 7,5 милиони фунти. Тоа значи дека вкупната промена на тренер може да чини повеќе од 17,5 милиони, без да се вклучат парите што ќе ги добие Покетино.