Манчестер Јунајтед интензивно бара квалитетен тренер откако се разделија со Оле Гунар Солскјер. Неколкумина веднаш одбија, меѓу желбите се Маурицио Покетино но тој е тренер на ПСЖ и таа опција тешко дека ќе се оствари.
Во меѓувреме спортскиот директор на клубот од „Олд Трафорд“ Џон Муртог наводно направил прелиминарни разговори со шпанскиот тренер Ернесто Валверде, некогашниот стратег на Барселона.
Валверде од мај 2017 до јануари 2020 година ја тренираше Барселона со која освои две шампионски титули. Претходно беше тренер на Атлетик Билбао, а потоа на Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија.
Моментално екипата ја предводи Мајкл Керик и тој беше на клупата на дуелот со Виљареал во ЛШ.