Павлетиќ: Ова е тежок ден за Македонија, мило ми е што победивме!

312

Е.Пелистер е во налет. Единствениот македонски претставник во Европската лига три кола е без пораз, по ремито со Кадетен, го совлада АЕК во Атина, а вечерва пред своите фанови демонстрираше сила, го демолира составот на Татабања со 33-20.

Тренерот Жељко Бабиќ и неговите момци имаа право на задоволство, се течеше според планот, од одбраната до нападот.

„Во името на целата екипа би сакал да изразам сочувство до семејствата на трагично загинатите, ова е тежок ден за Македонија. Одигравме перфектен меч од почетокот до крајот, добро ги подготвивме нивните предности и недостатоците. Мило ми е поради нашите навивачи што остваривме убедлива победа“, изјави Божиќ-Павлетиќ.

И стратегот на битолчани испрати сочувство до семејствата на трагично загинатите во Бугарија.

„Длабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите во Бугарија. Денеска добро ги искористивме проблемите на Татабања, тука мислам на нивниот уморот, повредите, сето тоа влијаеше на нинвата игра. Им благодарам на игралче за желбата, за неверојатното ниво на кое играа. Вечерва покажаа дека се добри, победивме повеќе од тоа што очекувавме“, рече Бабиќ.  

ПретходноЛазаров со два гола во победата кај Чеховски медведи
СледноЛШ: Роналдо и Санчо за осминафинале, Баерн триумфално и во Киев (ВИДЕО)