Македонскиот интернационалец Кире Ристевски се најде во тимот на 10. коло во кипарскиот шампионат. Ристевски кој ги брани боите на АЕЛ Ларнака одигра 0:0 на гостувањето кај Докса, а тој доби високи оценки за својот настап на мечот во Никозија.
Затоа се најде во дефанзивната линија во тимот на колото во кипарскиот шампионат.