Тимот на Вардар следниот меч од Лигата на Шампионите го ивра в четврток на домашен терен, кога во салата Јане Сандански со почеток од 20:45 минути гостува тимот на ПИК Сегед.
Последниот дуел помеѓу овие два тима се одигра пред само неколку дена во Сегедин кога Вардар исклучиво поради сопствените грешки не успеа да озвои злато реди гостински бодови. Сега, според најдобриот поединец на Вардар на тој меч, голманот Мартин Томовски, истото не смее да се случи и грешките мора да бидат сведени на минимум.
„Во Сегедин имавме шанса да се радуваме на бодови, но сопствените грешки нѐ чинеа пораз. За овој натпревар ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е многу значаен натпревар за нас ,последен на домашен терен во ЛШ и затоа ќе сториме сѐ за да победиме“, изјави Томовски па додаде.
„Не можам да издвојам ништо посебно како причина (зошто ми оди добро во Вардар), едноставно добро се чувствувам, не ми е важно јас да се истакнувам туку да победуваме како тим“, додаде голманот.