Ашко со две асистенции во тимот на колото во Романија

153

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Стефан Ашковски се најде во тимот на колото 16. по ред во Романскиот шампионат, откако со својот тим Ботошани успеа да слави на гостинскиот терен против тимот на Клинчени.

Ашковски забележа две асистенции и нормално е што е сврстен во најдобриот тим на изминатата кампања.

Крилниот фудбалер е во животна форма, одлично одигра и за Македонската репрезентација, каде што исто така асистираше на мечот против Ерменија на гостински терен.

 

ПретходноОфицијално: Купот одложен за 1 декември
СледноШампионот на Белорусија тргнува по Никола Серафимов