ЛШ: Челзи во битка со Јуве за осминафинале но и за врвот во групата Х

114

Денеска и утре се играат натпреварите од 5. коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Во групата Х Јувентус има 12 бода и е сигурен патник во наредната фаза па вечерва на дуелот со Челзи ќе му треба само бод за да заврши како првопласиран. Челзи ќе се пласира во осминафиналето доколку не загуби од Јувентус или доколку Зенит не го победи Малме во другиот натпревар од оваа група. Во случај европскиот првак да го победи Јуве, тогаш во последното коло ќе се води трка за челната позиција во групата.

Во групата Х Севиља доколку загуби од Волфзбург ќе испадне од игра за осминафиналето, но ќе остане со шанса за место во Лигата на Европа. Во најлошото сценарио, Севиља доколку изгуби против германската екипа, а Лил избегне пораз од Салцбург.

Од друга страна доколку Салцбург го победи Лил ќе отиде во осминафиналето.

ДЕНЕСКА

ГРУПА Е
ДИНАМО К. – БАЕРН   18:45 ч.
БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА        21:00 ч.

ГРУПА Ф
ВИЉАРЕАЛ – МАН.ЈУНАЈТЕД            18:45 ч.
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА         21:00 ч.

ГРУПА Г
ЛИЛ  – САЛЦБУРГ       21:00 ч.
СЕВИЉА – ВОЛФЗБУРГ          21:00 ч.

ГРУПА Х
МАЛМЕ – ЗЕНИТ          21:00 ч.
ЧЕЛЗИ – ЈУВЕНТУС     21:00 ч.

ПретходноМирор: Покетино во моментов би го чинел Јунајтед 10 милиони фунти
СледноАТП ќе дисквалификува тенисери со лажен зелен сертификат