ЛШ: Челзи го „растури“ Јуве, без голови на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

231

Во најинтересниот вечерашен меч од 5. коло на Лигата на шампионите, европскиот првак Челзи убедливи го порази Јувентус со 4:0 и му го нанесе првиот овосезонски пораз во најелитното европско клупско натпреварување. Италијанците беа комплетно надиграни, а расположените домашни играчи покажаа дека и оваа година ќе бидат сериозен конкурент за европската круна.

Со голот на младиот Чалобах во 25. минута „сините“ обезбедија предност од 1:0, која во второто полувреме беше само надоградена со фантастичните погодоци на Рис Џејмс и Хадсон-Одои. Јувентус не успеа да создаде некоја посериозна шанса за гол, а во последните секунди од мечот и Тимо Вернер погоди за конечни 4:0.

Барселона, пак, на домашен терен остана без „муниција“ на исклучително важниот меч со Бенфика. Дуелот на „Камп Ноу“ заврши без победник и без постигнат гол, што повеќе и одговара на Барса која останува на два бода предност пред Бенфика пред последната рунда во која ќе падне одлуката за тоа кој покрај Баерн од оваа група ќе продолжи во осминафиналето. За издвојување е 100% шанса за гостите во 93. минута од мечот, која Тер Штеген не дозволи да заврши кобно за Каталонците.

Вредна победа обезбеди екипата на Лил која пред своја публика со голот на Џонатан Дејвид во 31. минута поведе со 1:0 против Салцбург. Овој триумф на Французите им донесе лидерско место во групата со бод предност пред Салцбург, и два повеќе пред Севиља во очи на последното одлучувачко коло за осминафинале.

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ги одигра последните 15-тина минути за Малме на средбата со Зенит. Швеѓаните пред своја публика имаа водство од 1:0 до 90 минута, кога Зенит доби пенал и успеа да израмни на 1:1. По овој „кикс“, Ракип и Малме се чини остануваат без шанси за место во пролетниот дел од европските купови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

  1. КОЛО

ГРУПА „Е“

Динамо (К) – Баерн (М) 1:2

Барселона – Бенфика 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Ф“

Виљареал – Манчестер Ј. 0:2

Јанг Бојс – Аталанта 3:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Г“

Лил – Салцбург 1:0

Севиља – Волфсбург 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Х“

Челзи – Јувентус 4:0

Малме – Зенит 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПокетино дециден: Останувам во ПСЖ до 2023 година
СледноАлегри ќе се обиде да го донесе Ерера од ПСЖ во јануари