Мекиќ: Верувам во овој состав, можеме да изненадиме и против Шпанија!

175

Македонската кошаркарска репрезентација ја почна „мисијата“ за ноемврискиот квалификациски прозорец за пласман на Светското првенство 2023 година. Прв противник е актуелниот светски првак, Шпанија, во Скопје гостува во петок (19:30 часот).

„Фуријата“ не доаѓа во најсилен состав, но и покрај ова е голем фаворит. Нашите момци свесни се за силите на Шпанија. Шансата за чекор напред ќе ја бараат на домашните мечеви.

„Пред се ќе ја бараме шансата на домашните натпревари. Мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак. Ќе дојде со втор состав, но ќе имаат уште поголема желба да се докажат. Но, не треба да се заборави дека Македонија пред своите навивачи е тежок противник, верувам овој состав и можеме да изненадиме. Како што кажав Нашата шанса ќе ја бараме на домашен терен, но тоа не значи дека нема да дадеме максимум на гостинските натпревари. Одиме да се надигруваме со секоја репрезентација“, изјави Мекиќ.

Претходно„Јунајтед некогаш беше елита, повеќе не е“
СледноАлба не падна на провокациите за Куман