Откажана фан зоната пред мечот Е.Пелистер – Татабања

250

Македонија е завиена во црно по страотната несреќа која денеска се случи во соседна Бугарија и во која загинаа десетици наши сограњани.

Па така, се откажани голем број на настани и јавни собирања неѓу кои и фан зоната пред мечот Е.Пелистер – Татабања.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека предвидената фан-зона со забавни и спортски активности пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања се откажува по веста за страотната несреќа во Бугарија, во која загинаа десетици македонски државјани. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања редовно ќе се одигра од 18:45 часот“ – се вели во соопштениет на клубот.

ПретходноВујовиќ: Повредите ни прават огромен проблем
СледноКузма со розев џемпер против малери (ВИДЕО)