Официјално: Купот одложен за 1 декември

398

По новонастанатата ситуација, односно трагедијата која што се случи во  Бугарија, и загинувањето на Македонските државјани, Фудбалската Федерација на Македонија одлучи утрешните куп мечеви кои се дел од четвртфиналната фаза, да ги одложи за 1. декември.

Предмалку ФФМ излезе со официјална информација, и го потврди веќе најавеното одлагање.

„Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот“ – се вели во официјалното соопштение на ФФМ.

ПретходноБитола на нозе – се чека првата европска победа на Е.Пелистер на домашен терен!
СледноАшко со две асистенции во тимот на колото во Романија