Парадокс – Првиот тим на Баерн блеска во ЛШ, а младинскиот е најлош во ЛШ

213

Додека Левандовски и другарите ги рушат противниците во Лигата на шампионите и итаат кон европската титула, младинците нижат порази.

Првиот тим на Баерн има четири победи во четири меча и гол-разлика 17:2 (не сметајќи го вечерашниот со Динамо Киев).

Нивните наследници се ептен лоши. Младинскиот тим е тотална спротивност и во јуниорската Лига на шампиони имаат пет порази во пет натпревари и гол разлика 1:14.

Денеска, тие изгубија од Динамо Киев со 2:1 што е прв погодок сезонава во младинската ЛШ.

Па оваа екипа е најлоша од сите учесници во младинската ЛШ.

ПретходноГеоргиевски: Македонија одново ќе расте во светот на кошарката!
СледноОд Јунајтед разговарале со Валверде за тренерската позиција