Македонскиот репрезентативец и интернационалец Никола Серафимв сезонава е во одлична форма. Стандарден е во дефанзивата на Залаегерсег, згора на тоа постигна и неколку голови за својот тим, па нормално е што уште од сега пристигнуваат понуди за трансфер на негова адреса.
Конкретно, тимот на Шахтјор Солигорск, еден од најамбициозните клубови во Источна Европа, и сега веќе актуелен шампион на Белорусија, официјално испрати понуда за нашиот стопер до Залаегерсег.
Понуда од 400.000 евра
Според информациите на Спортмедиа, Шахтјор Солигорск е подготвен за Серафимов да плати цели 400.000 евра и да го откупи како едно од првите засилувања за следната сезона.
Во овој клуб, инаку настапува Дембо Дарбо екс играчо на Шкупи, како и Вањон Ахмеди екс играчот на Шкендија.