Бајиќ: Трајковски не донесе до тука, но мора да мислиме на младите!

227

Бојан Трајковски е еден од оние поискусни имиња кои ја предводеше Македонија во претквалификациите за СП 2023. Селекторот Драган Бајиќ на официјалната прес-конференција даде објаснување зошто Трајковски не е во неговиот избор.

„Бојан Трајковски даде голем допринос и има голем удел што ние сме тука. Беше наш капитен, максимално си ги исполни задачите и беше голем човек во претходните натпревари. Но, мора да мислиме и на иднината. Мора да им даваме шанса на помладите играчи, како што е на пример Теодор Симиќ“,изјави Бајиќ.

Македонија во петок против Шпанија на домашен терен ги отвара квалификациите за СП 2023, три дена подоцна и гостува на Украина во Киев.

ПретходноЗекири не сака да игра за Македонија, Младеновски и Ѓуроски во “аут”
СледноНиколов против “кралевите“, мега – пресметка на „Етихад“… Сити – ПСЖ во фокусот!