Полицијата го “тресе“ менаџерот на Роналдо, се споменува проневерена сума од 200 милиони евра!

222

Последните вести од Португалија велат дека во тек е огромна акција на тамошната полиција. Имено припадници на полициските сили, како што известуваат медиумите од Португалија, влегле во седиштето на менаџерската агенција чиј сопственик е Жорже Мендеш. Тој важи за еден од најмоќните менаџери во светот, а се грижи и за кариерата на еден Кристијано Роналдо. Се ова се поврзува со наводното нелегално работење на повеќе менаџери, па и работењето на самиот Мендеш. Под истрага се и два клуба, како Брага и Виторија Гимараеш.

Се шпекулира дека е направена проневера вредна 200 милиони евра.

ПретходноТрагедија: Бразилски фудбалер починал во сон, имал само 23 години!
СледноЈирген Клоп: Не сум спремен за вакви прашања…