Ејдур Гудјонсен, легендата на исландскиот фудбал, најави заминување од стручниот штаб на тамошната репрезентација. Во изминатата година, Гудјонсен беше помошник селектор во репрезентацијата на Исланд, но реши да ја напушти функцијата откако тимот не успеа да се квалификува за бараж мечевите за Светското првенство следната година во Катар.
Исланд го зазеде претпоследното место во нашата квалификациска група и беше подобро пласиран само од Лихтенштајн.
Со 26 гола на 88 настапи, 43-годишниот Ејдур Гудјонсен е најдобар стрелец на Исланд во историјата.