Синоќа тимот на Барселона имаше императив пред себе во рамките од Лигата на Шампионите да ја совлада Бенфика на свој терен и да ги освои бодовите кои ќе значат пласман понатаму. Тоа не само што не се случи, мечот заврши 0:0, туку Бенфика промаши и зицер во последните секунди. Поточно, Харис Сеферовиќ имаше се во свои раце, излезе сам пред Тер Штеген, го мина и голманот но од само нему познати причини шутираше покрај голот, и го остави целиот свет во чудење како можеше да промаши.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Сеферовиќ, се промашува ли ова на Ноу Камп во „девееста“? (ВИДЕО)