Утре во натпревар од 5.коло во групата Х во Лигата на Европа, Динамо Загреб го очекува тежок меч против Генк. Познато е дека во редовите на “модрите“ имаме двајца наши репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски. По повод утрешниот меч, капитенот Адеми покрај другото на денешниот прес истакна…
“Очекувам тежок натпревар, сите знаеме колку Генк е квалитетен тим. Тоа го видовме во Белгија, таму резултатот не беше реален зошто и тие си имаа свои шанси. Ние сме спремни да го дадеме својот максимум за да победиме“ рече Адеми.
Инаку тој посочи дека и него тешко му е кога не е во составот на Динамо со оглед на повредата која ја “влече“ подолго време.
“Секогаш ми е тешко да го гледам Динамо кога не сум на терен, но тимот и без мене изгледа одлично. Велат дека многу недостигам на Динамо, но сите сме важни за тимот, сите тие што не играат секако дека недостигаат, но тимот е тој што победува или губи“.