Дончиќ се врати Далас победи во продолжение (ВИДЕО)

228

Лука Дончиќ направи кам бек во тимот на Далас по кратката пауза од три мечеви поради повреда на зглобот, и автоматски Маверикси победија. Остварен е триумф над тимот на Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 104:112 по едно одиграно продолжение. Иако Далас можеше да победи и во регуларниот дел сепак, гостите прокоцкаа предност во самиот финиш, па мораше да се одиграат дополнителни пет минути. Во нив Далас сепак, посконцентриран и па победата замина на негово конто.

Најдобар поединец на мечот Џексон од Клиперси со 31. поен, додека Порзингис со поен помалку го предводеше Далас. Дончиќ стигна до бројката 26.

Никси подобри од Лејкерс

Од друга страна пак, во Њујорк, Никси во дербито на двее легендардни франшизи со 106:100 беа подобри од Лејкерси. Расел Вестрбук со 31. поен најдобар на терен, Фурние кај победничкиот состав со 26 коша играч број еден. Лејкерси без Леброн Џејмс повторно кој ја одработуваше суспензијата од еден меч поради инцидентот на мечот со Детроит.

Резултати:

Детроит – Мајами 92:100

Њујорк – Л.А.Лејкерс 106:100

Портланд – Денвер 119:100

Л.А.Клиперс – Далас 104:112 (по продолжение)

 

 

ПретходноАлегри ќе се обиде да го донесе Ерера од ПСЖ во јануари
СледноТухел: Фантастична претстава, сјаен резултат (ВИДЕО)