Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција тимот на Каменица Саса, има интернационална репрезентативка во своите редови. Голманката Јелена Гвоздерац интернационалка од БИХ се најде на списокот на селекторката Самира Хурем за претстојните натпревари против Данска и Малта кои ќе се одиграат на 25ти и 30ти ноември во спортскиот центар Зеница.
Каменица Саса во изминатиот период покажа доста завидно ниво на професионализам и на развој на женскиот фудбал во Македонија и сосема нормално е што е најдобар тим во моментов кај нас и е дел од Европските купови.