Со двата гола на Един Џеко за само 6 минути, Интер дојде до одлучувачката победа во групата „Д“ со која на коло пред крајот и официјално обезбеди пласман во осминафиналето.
„Нероаѕурите“ вечерва долго време се мачеа да го отворат резултатот на „Џузепе Меаџа“, двапати судиите им поништуваа голови поради недозволени ситуации, но кога беше најпотребно, искусниот босански интернационалец успеа да го најде патот до мрежата на извонредниот гостински голман Трубин, кој претходно неколкупати го спасуваше Шахтјор од сигурни погодоци.
Во вториот заршен меч вечерва, Ајакс уште еднаш ја потврди својата класа во групата „Ц“ продолжувајќи ја победничката серија и во Истанбул. На гостувањето кај Бешикташ, Холанѓаните иако беа во негатива од 1:0 по голот на Топал од пенал во 22. минута, во второто полувреме преку неверојатниот Алер кој постигна нови два гола во Лигата на шампионите оваа сезона стигнаа до пресврт и победа од 2:1.
Себастијан Алер веќе има 9 гола зад своето има во групната фаза, што е бројка поголема од головите кои ги постигнаа Спортинг, Борусија (Д) и Бешикташ во оваа група.