Вечерва се играат осум натпревари од 5.коло во групната фаза во Лигата на Шампионите. Се разбира дека погледите на нашите фудбалски фанови ќе бидат свртени кон Тираспол, кон настапот на Бобан Николов со неговиот Шериф против Реал Мадрид. Да се потсетиме дека на “Сантијаго Бернабеу“ Македонецот беше на терен и учествуваше во сензационалниот триумф на шампионот на Молдавија против Реал Мадрид. Да се надеваме дека нешто слично ќе се случува и вечерва, дека Николов одново ќе има одличен настап против “кралевите“. Инаку Молдавците сеуште имаат шанса за пласман во следната фаза во Лигата на Шампионите.
Сепак вечерва во фокусот ќе биде мега – пресметката меѓу Манчестер Сити и ПСЖ. Едвак го чекаме дуелот на Гаврдиола против Меси.
Интересно ќе биде и во Мадрид, каде Атлетико го дочекува Милан, додека на „Енфилд“ тимот на Ливерпул се среќава со Порто.
Група – А
БРИЖ – ЛАЈПЦИГ (21:00 Ч)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ПСЖ (21:00 Ч)
Група – Б
А. МАДРИД – МИЛАН (21:00 Ч)
ЛИВЕРПУЛ – ПОРТО (21:00 Ч)
Група -Ц
БЕШИКТАШ – АЈАКС (18:45 Ч)
СПОРТИНГ – ДОРТМУНД (21:00 Ч)
Група-Д
ИНТЕР – ШАХТЈАР (18:45 Ч)
ШЕРИФ – РЕАЛ МАДРИД (21:00 Ч)