ПМФЛ: Ренова-А. Пандев се игра в сабота, сите останати мечеви од 15 коло во недела!

360

Претстојниот викенд се закажани сите шест мечеви од 15.коло во ПМФЛ. Како што е вообичаено, еден натпревар поради ТВ преносите на МРТВ и ТВ Арена Спорт, се игра ден порано. Па така дуелот под Шара меѓу Ренова и А. Пандев, тоа е битка меѓу втората и третата екипа на табелата, ќе се игра в сабота со почеток од 13 часот.

Сите останати натпревари од ова 15.коло се играат во недела, исто така со почеток од 13 часот, а се среќаваат Шкупи – Струга ТЛ, Македонија ЃП – Шкендија, Пелистер – Скопје, Брегалница – Борец и Тиквеш – Работнички.

ПретходноЦветан Кузманоски рамо до рамо со Златко Хорват
СледноДрама во Келце: Барса водеше со 4 разлика во самиот финиш, но на крајот загуби!