И вториот од тројцата невакцинирани фудбалери на Баерн (М) „закачи“ Ковид-19. Како што објавија вечерва од баварскиот гигнат, по напаѓачот Ерик Максим Чупо – Мотинг кој претпладнево беше тестиран позитивен на Ковид-19 и беше ставен во изолација, попладнево позитивен тест добил и Џошуа Кимих.
Чупо – Мотинг, Кимих и Французинот Кузанс се тројцата фудбалери на германскиот шампион, кои по никоја цена не сакаат да се вакцинираат.
ℹ️ Joshua #Kimmich befindet sich in häuslicher Isolation, nachdem er positiv auf das Coronavirus getestet worden ist. Dem Mittelfeldspieler des #FCBayern geht es gut.
— FC Bayern München (@FCBayern) November 24, 2021