Спортскиот директор е замената за Ентрериос во Нант

198

Нант го реши тренерското прашање за следните две сезони. На местото на Алберто Ентрериос ќе застане досегашниот негов помошник и спортски директор на клубот, Грегори Кожан.

Во претходните неколку дена имаше шпекулации дека можеби Кирил Лазаров, кој ќе стави крај на играчката кариера, може да биде еден од наследниците на Ентрериос.

Кожан потпиша двегодишен договор со Нант, во овој тим веќе е 16 години и добро ги познава сите детали. Во новата сезона тој на располагање ќе ги има Хорхе Македа, кој доаѓа на местото на Лазаров, како и Жереми Тото од Вардар.

ПретходноБаскет Кам со убедлив пораз во ВАБА
СледноЦветан Кузманоски рамо до рамо со Златко Хорват