Тухел: Фантастична претстава, сјаен резултат (ВИДЕО)

221

 

Тимот на Челзи синоќа во рамките од Лигата на Шампионите на домашен терен го совлада Јувентус со 4:0 во игра која ќе се памети уште долго. Вистинска фудбалска лекција од страна на избраниците на Томас Тухел кој за својот тим по мечот имаше само суперлативи.

„Сакавме меч во висок ритам и тоа и се случо. Тешко е да се создадат многу шанси и да се дадат многу голови, но ние го направивме токму тоа. Фантастична претсава и сјаен резултат“ – изјави менаџерот на Челзи, тим кој на овој начи му се реваншираше на Јуве за поразот во Торино од 1:0.

„Бевме многу мотивирани вечерва. Повеќе ризикувавме. Многу сум задоволен од тоа како се покажавме, дури и во оние нешта кои не се видливи со голо око“ – додаде Тухел.

AP Photo/Matt Dunham via Guliver Image

 

ПретходноДончиќ се врати Далас победи во продолжение (ВИДЕО)
СледноБонучи: Бевме немоќни, Шчешни: Разликата меѓу двата тима е видлива (ВИДЕО)