Цветан Кузманоски рамо до рамо со Златко Хорват

248

Овој викенд на програмата е вториот дел од регуларниот дел од сезоната во Супер-лигата. Битката за првото место на табелата и натаму е интересна, Е.Пелистер и Вардар имаат 30 бода по 11. одиграни натпревари. Актуелниот македонски првак го доби дерби дуелот со поискусните битолчани, но падна против помладите ракометари.

По завршувањето токму на овој дел доаѓа интересна статистика. Ракометарот на Е. Пелистер 2, Цветан Кузманоски го дели првото место на листата на стрелци со искусниот Златко Хорват од Металург. Двајцата имаат по 63 гола.

На третото место е Халил Озтурк од Металург, зад него е Тимур Дибиров од Вардар, додека оваа „петорка“ ја комплетира Марко Мајиќ од Бутел Скопје.

Листа на стрелци по првиот дел на регуларната сезона во Суперлига:
1. Цветан Кузманоски 63
2. Златко Хорват 63
3. Халил Озтурк 62
4. Тимур Дибиров 61
5. Мирко Мајиќ 59
ПретходноСпортскиот директор е замената за Ентрериос во Нант
СледноПМФЛ: Ренова-А. Пандев се игра в сабота, сите останати мечеви од 15 коло во недела!