Ракометарите на Монпелје ја прославија и шестата победа оваа сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен славеа убедливо со 39:32 против норвешки Елверум и се вратија со предност од два бода пред Кил на врвот на табелата во групата „А“. Французите одиграа одлично и во двете полувремиња и на крајот сосема заслужено ги освоија бодовите.
Дескат со 11 гола беше најдобар на теренот, додека кај гостите Грондал запиша 7 погодоци до своето име.
Во оваа група во која е и нашиот Вардар, ППД Загреб ја оствари првата победа сезонава. Во вториот обид на дуелите со Мешков Брест откако пред една недела на гости одиграа нерешено, загрепчани денеска пред своја публика славеа со 31:24. Чупиќ со 8 гола го предводеше Загреб до победата во импресивна завршница во која со серија од 4:0 на крајот дојдоа до убедлив триумф.