ДИЈАМАНТОТ ВО ЕЛЕМЕНТ: Елмас стрела во Москва, го живна Наполи (ВИДЕО)

2443

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи во овој момент му гостуваат на Спартак Москва во рамките на 5. коло во Европската лига. Италијанскиот тим на полувреме имаше негатива од 2-0.

Но, нашиот дијамант го разбуди својот Наполи, во 64. минута стрела за 2-1. Македонскиот репрезентативец погоди со глава, пласираше одлична мајсторија во голот на противникот.

Ова е пресметка за врвот на табелата во групата Ц.

ПретходноКрстевски како вистински капитен – со мотивациска изјава пред Шпанија
СледноАнкета-2: Ја посакуваме Русија за ривал во полуфиналето од баражот!