Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа под водство на в.д. менаџерот Мајкл Керик успеа да слави на гостувањето кај Виљареал во рамките од Лигата на Шампионите со конечни 0:2. Во исклучително важниот меч кој значеше пласман во следната фаза, Јунајтед успеа да се исправи пред предизвикот и да ги освои толку значајните бодови.
“Дојдовме овде за да победиме. Верував дека можеме и дека сме подготвени за тоа. Не беше лесен натпревар, имавме тежок противник против нас. Не намачија прописно, но момците не се откажаа вечерва. Не може во исто време да дојдеме тука по се што се случи и да одиграме добро, а и да победиме во исто време. Потребно е повеќе време. Би рекол дека ова беше најдобриот можен начин за нас да победиме. Измените одиграа клучна улога“ – изјави Мајк Керик по мечот па додаде.
“Знам дека Роналдо знае како да ги искористи таквите шанси. Знам и дека Санчо сака да ја има топката во своите нозе, но вечерва сакам посебно да го пофалам нашиот настап во друг аспект, одбраната. Сите дадоа се од себе во одбраната. Поминаа неколку доста тешки денови за клубот. Оваа победа е за Оле и благодарение на него, не можам да го сокријам тоа. Имавме задача пред нас и ја завршивме професионално. За среќа, се се одвиваше според планот“ – додаде Керик.