Прекинат штрајкот во Автокоманда, ракометарите на Металург се враќаат во сала

324

Металург минува тешки денови, раководството на клубот се бори да дојде до нормална финансиска состојба за да може да функционира како некогаш. Додека се расчистуваат старите долгови, се зголемуваат обврските кон сегашниот состав на тимот од Автокоманда.

Токму поради недомирените долгови, играчите и стручниот штаб одлучија да престанат со тренинзи се додека не го добијат ветеното.

По неколку разговори, претседателката Зорица Блажевска и ракометарите најдоа заедничко решение. Рокот кој беше поставен од страна на тимот за подмирување на обврските е продолжен, од утре сите се враќаат во сала, а веќе викендов ќе го одиграат дуелот со Т.Пролет во рамките на 12. коло во Супер-лигата.

ПретходноКаква машина: 9 гола на првите пет настапи во ЛШ и гол на секој одигран меч!
СледноПо Чупо-Мотинг и втор невакциниран фудбалер на Баерн „закачи“ Ковид-19